Тони Брекстон (50): Јас сум како Кери Бредшо

12 јуни 2018

Познатата пејачка Тони Брекстон неодамна гостуваше во една тв емисија и ја воодушеви публиката со својот изглед. Таа е на прагот од шестата деценија и изгледа еднакво добро како и во врвот на популарноста.

На снимањето се појави во мини фустан, кој го искомбинира со црни сандали со ремчиња, но она што остави поголем впечаток е нејзината природна убавина, долгата црна коса и насмевката. 

Кон крајот на април, пејачката која беше една од најпопуларните во 90-тите, во големо интервју за магазинот „Пипл“, отворено прозборува за борбата со лупусот, како и дека се подготвува да сврти сосема нова страница во животот.

Имено, таа се подготвува за својата втора венчавка, со раперот Бирдмен, а по тој повод ќе се пошегува:

„Ова е мојата втора свадба, а имам преку 40 години - како Кери Бредшо сум, последната невеста после 40-тата, па сакам нешто елегантно, но и по малку секси. На мојата прва венчавка имав класична венчаница, но овој пат сакам нешто винтиџ, во стилот на 20-тите или 30-тите со тема на „Големиот Гетсби“.

Инаку, раперот е нејзин најдобар пријател. Дури и кога била во брак со поранешниот сопруг, музичарот Кери Луис, нејзината врска со Бирдмен останала цврста. Кога во 2008 година, по колапсот за време на настап во Лос Анџелес ѝ е дијагностицирана автоимуна болест - лупус, поддршката и силата ја наоѓа токму во раперот. 

Докторите првин мислеле дека се работи за срцев удар, но новата дијагноза за неа била поразителна, особено што не постои можност за комплетно оздравување.

„Ние сме најдобри пријатели повеќе од 15 години. Доаѓал на моите настапи, домашни прослави... Но, никогаш не мислев дека ќе бидеме двојка или дека на крајот ќе се венчаме. За мене соочувањето со болеста и тоа дека веројатно ќе треба да се збогувам со кариерата беа тежок удар. Но, тоа што во некој најдов утеха, што имаше кој да ми каже дека сè ќе биде ок и дека не морам да бидам „Чудо од жена“ постојано ми значеше многу. Излегувањето од пријателската зона дојде спонтано и воопшто не погледнував назад. Во 2016 направив мини-турнеја, за да го истражам пазарот и да видам дали вреди воопшто да ес обидувам. Секогаш кога имав настап - тој доаѓаше. Секоја ноќ ме прашуваше дали сум добро, дали се чувствувам добро. Си помислив, „Каков неверојатен човек е“, открива пејачката.

Во еден момент тој ѝ ги открива своите чувства, што ја изненадува.

„Му реков, никогаш не ми кажа ништо, а тој ми рече, па беше мажена. Пред него се чувствувам слободна. Некогаш кога имав лоши денови, ќе му речев дека ми е добро, но тој знаше точно како ми е. Откако открив дека имам лупус, ми беше проблем да излегувам на љубовни состаноци, бидејќи чувствував срам од тоа што имам лупус и чувствував дека никој нема да сака да се грижи за жена што има таква болест. Со него, се чувствувам своја и слободна, можам да носам само кармин, можам да бидам и без шминка, со него се чувствувам одлично“, откри пејачката. 

Двојката се сврши во февруари годинава, а сакаат свадбата да биде во Калифорнија.

„Моите сестри ќе бидат деверици, а татко ми и синот ќе ме однесат до олтарот и многу сум возбудена поради тоа“.

Објавено:
12 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
847 пати