Топ 5 најплатени парови за 2013 година

23 септември 2013

На првото место се Бијонсе и Џеј Зи кои стекнале богатство од 95 милиони долари во периодот од јуни 2012 до јуни 2013 година. Големото богатство најголем дел е стекнато од платинестата продажба на албумот на Џеј Зи насловен „Watch the Throne“ и светските турнеи.

Раперот исто така има акции во арената Barclays Center во Њујорк, а од неодамна основа и сопствена спортска агенција Roc Nation Sports која ги претставува спортистите Виктор Круз и Кевин Дурант. Во меѓувреме Бијонсе покрај музичката кариера, го води модниот бренд „House of Dareon “и има свој парфем.

Втори на листата на Форбс се бразилската манекенка Жизел Бундшен и Том Брејди чие богатство е проценето на 80 милиони долари, потоа се Анџелина Џоли и Бред Пит со заработка од 50 милиони долари.

На четврто место се Ештон Кучер и Мила Кунис со 35 милиони долари и на петото место се Канје Вест и Ким Кардашијан со годишна заработка од 30 милиони долари.

 

Објавено:
23 септември 2013
Категорија: 
Сцена