Топли капути од плакарот на Мирослава Дума

15 октомври 2014

Неприкоснованата икона на стилот, Мирослава Дума, на сите интензивни модни случувања периодов, секогаш беше присутна  во фантастични изданија кои дополнително донесуваа магичен сјај благодарение и на нејзината блажена состојба.

Она што особено остави впечаток, беа екстравагантните капути кои во есенскиот и зимскиот период се задолжителни во нејзиниот изглед.

Заедничко кај сите нив е едноставниот крој, строгите линии и впечатливите дезени. Во богатата листа на дизајнери и модни куќи кои ги потпишуваат нејзините капути се и: Мајкл Корс, Гучи, Диор, Валентино, Луј Витон и други звучни имиња.

 

 

Објавено:
15 октомври 2014
Категорија: 
Сцена