Тори Спелинг хоспитализирана поради премала телесна тежина

29 април 2014

Актерката што најмногу ја паметиме како Дона од популарната тин серија Беверли Хилс итно била префрлена во болница поради премала телесна тежина. Американската актерка во болница поминала шест дена, а се шпекулира дека причината за влошената состојба крив е стресот од снимањето на новото реално шоу „True Tori“.

 

Во ова шоу ќе биде прикажано и помирувањето со нејзиниот сопруг откако тој ја изневери. Поради тоа Тори ослабна на шокантни 40 килограми. Таа е фотографирана на излезот од болницата, а сопругот и помагал да влезе во автомобилот.

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Сцена