Тренд аларм: Фустан со копчиња и високи чизми

14 февруари 2019

Некако во последно време омилени ни станаа еднобојните комбинации или пак оние во кои ќе вметнеме парчиња што се блиску со нијансите.

Денеска ви предлагаме една стилска и елегантна комбинација која е совршена за повеќе прилики вклучувајќи го и секојдневието, ручекот со пријателите, некоја вечерна забава или коктел после работа.

Станува збор за фустан од прекрасен материјал во крем нијанса со некoлку впечатливи копчиња во предниот дел.

Истиот има и ремен на половината од кој можете да направите панделка и дополнително да го истакнете фустанот.

Ние го комбинираме со елегантни и ултра стилски темно кафени високи чизми на потпетица како еден од најбараните модели обувки оваа студена сезона.

Што се однесува до останатите парчиња, фустанот дополнете го со некое едноставно капутче во неутрална нијанса, а секако, носиме и накит во претежно земјени бои што совршено се надополнуваат со сите останати нијанси во денешниот предлог стајлинг.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk

Фустан, чизми: Манго

Модел: Миа Бошева
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
14 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
893 пати