Три српски блогерки кои го освоија светот

3 септември 2014

Ирина, Мија и Тамара се три блогерки кои преку своите оригинални комбинации секојдневно инспирираат многу свои следбеници од целиот свет. Ако сте љубители на модата и секојдневно следите што се случува на модната сцена, веруваме дека трите српски блогерки во содржината од продолжение ќе ви се допаднат. Сите три меѓусебно се разликуваат по својот препознатлив стил.

Ирина Лакичевиќ Ирина Лакичевиќ

Ирина Лакичевиќ е девојка од Белград која веќе одамна живее во Норвешка каде во текот на денот работи како заболекар, додека навечер се посветува на својот блог „A Portable Package“. Ирина негува минималистички стил кој се базира на парчиња со совршен крој и ефектна текстура. Таа е голем обожавател на кожени парчиња, чанти со синџири, обувки со реси кои на најзиниот минимализам му даваат рок-нота. Иако нема конкретен пример од светските стилски икони, кога би можела да добие облека од нечиј гардеробер, таа би го избрала оној на Тејлор Томаси Хил или Карин Ројтфелд, а во светот на брендовите ги обожава моделите на Проенза Скулер и Спортмакс.

-Тотално сум луда за сина боја што сакам да ја носам во било која прилика и варијанта. Сината е многу силна и интензивна боја, а исто така и многу лесно се комбинира.  Голем обожавател сум на комбинациите сочинети од кожени текстури што секогаш даваат доза на опасност и сексапил. Во таквите комбинации секогаш се чувствувам како суперхерој. А во последно време омилен стајлиг ми е оној со „бојфренд“ фармерки и краток топ, вели Ирина.

Мија Кнежевиќ Мија Кнежевиќ

За разлика од Ирина, Мија Кнежевиќ од Белград се сели во Швајцарија, па во Лондон, а потоа и преку океанот во Њујорк. Додека живеела во Лондон, каде ги завршува студиите, Мија ја создава својата страница, на која во почетокот ја следат само нејзини блиски пријатели. Неколку години подоцна, Мија создава блог насловен mij-a-porter.com, кој спаѓа во едни од најпопуларните модни блогови во светот. Мија ја има и приликата да биде заштитно лице од неколку кампањи, а една од нив заврши и во американскиот Вог и тоа по желба на Ана Винтур. Заминувањето во Њујорк е пресудно таа да го изгради својот стил кој е најблизок до кежуал минимализмот, со мала доза на бохо-гламур.

Тамара Калиниќ Тамара Калиниќ

Модниот блог на Тамара Калиниќ, „Theglamandglitter“ припаѓа меѓу најпопуларните блогови во Англија, а Тамара пак е прогласена за топ-трендсетерка од страниците на „Chicisma“. Таа е родена во Сараево, детството го поминува во Нови Сад, а во Англија се сели поради факултетот. Тамара денес е модна блогерка и магистер по фармација.

-Мојот стил секогаш се потпира на расположение и обврските што ги имам во текот на денот. Доколку знам дека ќе поминам многу часови „на нозе“, високите потпетици не доаѓаат во предвид, но ако станам расположена за кафе со пријателите, избор секогаш ми се оние на платформа комбинирани со женствени фустани, објаснува Тамара како го доживува својот стил. Доколку досега не сте ги знаеле нивните блогови, време е да ги посетите.

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Сцена