Прекрасната данска блогерка Трине Кјаер е една од девојките на кои им се предвидува блескава иднина во модниот свет благодарение на нејзиниот одличен блог на кој работи веќе седум успешни години.

Покрај тоа што е горда сопственичка на еден од најпознатите блогови во Данска, Трине денеска е успешна стилистка и сопственичка на козметичкиот бренд Trine’s Wardrobe Hair Care and Trine’s Wardrobe Skin Care.

Веќе е познато дека скандинавските девојки се едни од најстилските во светот, а Трине само го потврдува тоа.

На речиси секоја нејзина комбинација, таа ѝ додава посебен шарм и по некој детаљ во кој секогаш се вљубуваме.

Таа се појави на модната сцена во 2008 – та година кога и почна со работа нејзиниот блог, а денеска е горда сопственичка и на успешната компанија за козметика.

Трине обожува да комбинира ретро фармерки со висок струк и едноставни маички, заедно со шик куси јакнички.

Речиси секогаш во нејзините комбинации има по некое ретро парче што совршено го спојува со модерните работи што ги поседува.

Сосема нормално, Трине обожува чевли и има навистина голема колекција, а неодамна соработуваше и со брендот Bianco за лимитирана колекција чевли. 

Објавено:
25 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.049 пати