Таа дефинитивно е една од најсекси трудниците оваа сезона, а нејзиниот стил во прекрасниот период на бременоста е неверојатно кул.

Криси Тејген воопшто не се плаши да го изрази својот сексапил во месеците од нејзината бременост, па така многу често одбира секси здолништа и фустани со длабок шлиц или кошулки во кои го покажува раскошното деколте.

Викендов прекрасната Криси го прослави 30 – тиот роденден, а нејзиниот сопруг ѝ го честита со шармантно видео на Инстаграм со серија заеднички фотографии, но и голема забава на која таа изгледаше подобро од кога и да е во тесен портокалов фустан.

Таа е вистински пример за сите трудници кои сметаат дека единствено широките парчиња се прифатливи во тие девет месеци.

Доколку пред вас е токму тој, најубавиот период од животот, воопшто не двоумете се понекогаш да одберете и тесно фустанче што ќе го истакне вашиот стомак и облините, а комбинирајте го со долго палто или капут.

Токму прекрасната Криси е вистински пример за трудница која не се плаши да ја истакне сета убавина што бременоста ја носи со себе, а мора да признаеме дека изгледа подобро од кога и да е!

Објавено:
1 декември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.632 пати