Веќе сигурно знаете дека нејзината фотографија со која објави дека очекува близнаци ги сруши сите рекорди и истата е прогласена за фотографија со најмногу лајкови на сите времиња.

Оттогаш, музичката дива Бијонсе редовно ги радува обожавателите со фотографии од нејзината бременост на кои секогаш изгледа беспрекорно и шик.

Од февруари наваму, таа постојано објавува фотографии од нејзиниот изглед и од тоа како напредува во бременоста, секогаш облечена во супер креации од светски познати дизајнери.

Покрај фантастичниот изглед на Греми наградите каде за прв пат настапи бремена, таа продолжи да се појавува во раскошни креации кои го истакнуваа нејзиното тело.

Речиси секогаш одбира тесни фустани од лежерен материјал кои дополнително го истакнуваат нејзиниот труднички стомак и градите, но можеме да ја видиме и во стилски широки фустани како оној од ресортот на Гучи.

За време на прошетките со нејзиниот сопруг или уживањето во секојдневието, таа речиси секогаш одбира удобни парчиња во кои изгледа подеднакво шик.

Веројатно се сеќавате на долгото свилено Гучи кимоно со виолетово крзно кај јаката, кое таа го комбинираше со едноставна бела маичка и искинати фармерки за кошаркарски натпревар со нејзиното семејство.

Последно можевме да ја видиме во белиот тесен фустан со голи рамена со кој се појави на прославата за Велигден, а изгледаше подеднакво добро во црвениот тесен фустан со длабоко деколте за забава со нејзините пријатели.

Ако и вие сте во блажена состојба, тогаш во галеријата погоре имате мала инспирација од оваа голема музичка дама.

Објавено:
28 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.515 пати