Трудничкиот стил на Натали Портман

20 септември 2016

За време на неодамна завршениот филмски фестивал во Венеција, светските медиуми постојано зборуваа за втората бременост на актерката Натали Портман.

Таа успеа да ги изненади сите, бидејќи досега вешто ја сокривала оваа нова информација.

Во Венеција беше дел од премиерата на филмот „Planetarium“, во кој игра заедно со Лили Роуз Деп, а на програмата на фестивалот се најде уште едно остварување за кое многу се пишуваше – биографскиот филм за Џеки Кенеди, која ја толкува токму Портман.

Среќната вест за бременоста, Натали ја објави директно, како и претходно, носејќи бела креација со потпис на „Диор“, во која изгледаше како вистинска божица.

Во текот на Венецијанскиот фестивал видовме уште неколку одлични изданија на актерката, за кои се погрижи модната куќа „Валентино“.

 Натали одлично знае да ја прилагоди новата состојба на телото со стилот. Веруваме дека допрва ќе гледаме одлични модни комбинации од неа, што можат да бидат инспирација за сите бремени жени.

До тогаш, ве потсетуваме на некои од најинтересните нејзини комбинации за време на првата бременост.

За потсетување, Натали во 2011 година го роди синот Алеф.

Објавено:
20 септември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
818 пати