Уште еден моден погодок - Меланија Трамп во смарагдно зелен фустан

17 март 2018

Американската претседателска двојка, Доналд и Меланија Трамп неодамна во Белата куќа го угостија ирскиот премиер Лео Варадкар.

Со оглед на тоа дека посетата беше во очи на денешниот празник - Сент Патрик, кој Ириците го одбележуваат, првата дама одлучи да се појави во смарагдно зелен фустан, додека Доналд на ирскиот премиер му подари сад со детелини.

Креацијата со миди должина и дискретен леопард принт во слична нијанса е дело на младиот дизајнер Брендон Максвел.

Инаку, неговите креации се чест избор на голем број познати личности. Лејди Гага беше меѓу првите што носеше негови дизајни.

Овој отмен коктел фустан, Меланија го комбинираше со чевли со принт од омилениот ѝ дизајнер, Кристијан Лубутан.

Уште еден моден погодок за првата дама.

 

Објавено:
17 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.730 пати