Видео: Марго Роби им чита сказни на вашите деца и апелира за помош на децата чиј единствен оброк е во училишните мензи

26 март 2020

Дел од познатите јавни личности, времето на самоизолација го користат за продуктивни цели.

Додека некои постојано се жалат дека им е досадно и не знаат што да прават со себе, други максимално рационално го користат времето дома.

Марго Роби, познатата холивудска актерка, одлучи слободното време дома да го искористи за да им прочита сказни на децата, преку видео објавено на нејзиниот профил на Инстаграм.

Уште позначајно, треба да се потенцира дека Марго во своето видео кое досега го прегледале над милион следбеници, апелира да им се помогне на децата од ранливите категории, кои единствен оброк што го имаат во текот на денот е оној во училишнте мензи, а со оглед на тоа дека училиштата во моментот се затворени.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @margotrobbie onMar 20, 2020 at 3:56pm PDT

Објавено:
26 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
519 пати