Викендов Бекамови го прославуваа роденденот на малата Харпер

10 јули 2017

Денеска малата Харпер Бекам полни шест години, па изминатиот викенд во семејството Бекам беше во знакот на нејзиниот роденден.

 

 

After a long day shooting u can't beat afternoon cuddles .✨✨✨ Kisses on Friday x VB

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) onJul 7, 2017 at 9:40am PDT

На својот профил на Инстаграм, Викторија Бекам објави симпатични фотографии со својата веќе шестгодишна ќерка, под кои следуваше опис: „После долг ден снимања, не можеш против попладневно гушкање".

Покрај оваа фотографија која вирално се пренесуваше преку светските медиуми, Викторија објави и фотографии со целото семејство, вклучувајќи ги и нејзината сестра и родителите.

Следуваа и фотографии на кои Дејвид Бекам сериозно се труди околу декорацијата на колачињата за роденденот на својата ќерка.

Неодамна Бекамови имаа семејна дружба во кругот на нивните блиски пријатели, вклучително и светски познати ѕвезди, на промоцијата на фото-книгата на нивниот син Бруклин, а пред некој ден Викторија и Дејвид ја прославија 18-годишнината од нивниот брак.

Несомнено, Бекам се едно од најактуелните семејства во историјата на современиот шоу бизнис.

Инфо: Harper's Bazaar

Фото извор: @Victoriabeckham

Објавено:
10 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
894 пати