Викторија Бекам каква што не сме ја знаеле

5 јуни 2015

victoria-beckham-and-paul-smith-will-be-judging-the-2015-international-woolmark-prize-1416582593

Модната дизајнерка и икона Викторија Бекам имаше интересно и необично интервју за YMCA, каде многумина имаа можност да слушнат нешто за нејзината приватност, што ретко го споделува.

Па доколку сакате да знаете како изгледале почетоците со Spice Girls, првиот состанок со Дејвид Бекам и кој е нејзиниот љубовен совет, прочитајте го интервјуто во продолжение:

Детството на Викторија

Early-Victoria-Beckham-Model-Shots-16

„Моите родители беа одлични. Заедно се многу години, дури и не знам точно колку. Среќни се и сè уште гледаат телевизија заедно и се држат за раце. Додека растев, мајка ми беше домаќинка, а татко ми инженер. Беше од тие што сами изработуваат и работеше многу напорно. Исклучително напорно. Негова амбиција беше да поседува Rolls Royce. И успеа во тоа. Беше многу горд на тој автомобил. Кога ќе нè носеше на училиште, јас бев престрашена. Со братот и сестрата го молевме да нè „симне“ до крајот на улицата или да го земе големото комбе што го користеше за работа. „Те молам тато, може ли едноставно да го земеме комбето?“ , му велевме. Колку се сменија времињата.  Многу повеќе би сакала да можам да се возам во тој Rolls Royce  денес“.

План Б

„Никогаш не сакав да бидам модел. Студирав танц, додека не се квалификував да бидам професор по танц. Мајка ми велеше дека морам да имам резервен план, во случај нешто да тргне наопаку... Па, ако тргне, секогаш можам да бидам професор по степ-танц. Добро е тоа да го знаете, нели?“.

Spice Girls: Оригиналната приказна

spice original 1 dec07

„Илјадници девојки беа пријавени на аудицијата да бидат членки на групата. Имаше редици околу студиото. Секој пееше по некоја поп-песна. Јас ја пеев Mein Herr од мјузиклот од Бродвеј, Кабаре, што и не беше вистинската песна за тоа, но беше мошне драматична. На почетокот требаше да се викаме The Spicy Girls, но потоа сфативме дека постои порно сајт што се вика Spicy Girls. Тоа секако немаше да биде добро за нас... Името или прекарот Posh ни го даде еден британски тинејџ-магазин, но ние веќе самите имавме свои имиња. Мел Би навистина се облекуваше „страшно“, во леопард принт. Ема Батон навистина беше Baby. Секогаш носеше плетенчиња и „кики“, како и оние бескрајно грди чевли на платформа!

spicegirls2-1024x768 (1)

 

Но, сè уште сум блиска со сите девојки. Навстина сум горда на тоа што го постинав со нив... Ние бевме само пет девојки што индивидуално можеби не беа толку добри, но заедно беа одлични! И тоа е вистинска girl power – биди тој што си, прави го она што го сакаш и биди пријател со останатите девојки!“

Првиот состанок со Дејвид

Vicky-marrige

„Се запознавме после фудбалски натпревар... Она што ми се допадна кај него уште во првиот момент беше тоа што кога сите останати играчи ќе се пијанеа во бар, тој ги избираше неговите родители и помалата сестра. Неговото семејство беше прекрасно. А, семејството е нешто многу важно за мене, така што многу го почитував тоа... И да, верувам во љубов на прв поглед. Па тоа што го „видов“ Дејвид на тој начин беше супер! Навистина супер!“.

Soccer player David Beckham and his wife, singer Victoria Beckham, arrive at the 2012 Vanity Fair Oscar party in West Hollywood

Нејзината прва ревија

23-jpg

„Отсекогаш сакав да имам своја модна линија, но не бев во позиција да го направам тоа... Во почетокот бев модел на ревии (на Роберто Кавали), што не беше воопшто убаво! Пред мојата прва ревија како модел, ѝ се јавив на мајка ми, бев многу нервозна бидејќи треба да излезам на писта. Таа ми рече: „Чекориш и се шеташ веќе 30 години. Ако не си разбрала како тоа изгледа до сега, тогаш никогаш нема. Само терај!“. Сега се срамам дека воопшто го направив тоа, но тогаш беше голема работа за мене“.

Стилот на Харпер Бекам

4_3

„Кога бев бремена со Харпер, ми кажаа дека ќе имам уште едно момче. Да бидам искрена, многу бев среќна што сум бремена. Секако, не ми беше важно дали ќе е девојче или момче. Но, девојче беше навистина убаво изненадување. Сепак, Харпер не беше поинаку третирана од момчињата. Не разгалуваме ниту едно од нашите деца... Секако, таа сака женски работи, но има и три постари браќа! А тие се многу спортски настроени. Па, таа како и нејзините браќа сака фудбал. Има свои мали чевли за фудбал и маица – дресс. И трча со нејзините браќа наоколу. Малку е машка данка“.

Хонорарната работа на Бруклин Бекам после училиште

brooklyn_beckham

„Бруклин работи во кафуле во близина на нашата куќа. Таму работи веќе две и пол години. За викендите мие садови. На крајот на краиштата, јас работев кога бев и помлада од него. Зошто би било поинаку за него? А со тоа си заработува „џепарлак“ за дружбите со пријателите“.

Да си на сите страни!

david-victoria-beckham-burb

„Некогаш ми доаѓа да вриснам и си велам: „Не знам како било која мајка постигнува сè!“. Се обидувам да се справам со сè, како и секоја друга мајка. Имам добар тим на луѓе околу мене, благодарение на кои постигнувам да одам и на родителски средби, но да имам време за бизнис. Ништо не правам сама“.

Совет до младите дизајнери

„Пред да го основам брендот, остварив соработка со Rock&Republic и Линда Фароу. Секогаш е добро да работите со некој. Учете сè што можете кога некој друг ги плаќа сметките. Опкружете се со луѓе на кои им верувате.  Работете напорно и имајте големи сништа. Верувам во креативна визуализација. Си го визуализирам успехот“.

VBDresses2011

Викторија Бекам x H&M

„Сакам да соработувам со некого. Сакам да запознавам што повеќе луѓе. Сакам да понудам облека за луѓето кои не можат или не сакаат да платат дизајнерска цена. Сакам да направам жените да се чувствуваат одлично, па дури и да не можат да си дозволат дизајнерска облека. Кога ги носите моите парчиња, се чувствувате секси. Секој треба тоа да го искуси“.

Љубовен совет од госпоѓа Бекам

„Целете високо!“.

Во продолжение погледнете ја и најновата Ресорт колекција на брендот на Викторија Бекам:

Објавено:
5 јуни 2015
Категорија: 
Сцена