Викторија Бекам се закити со уште една модна награда

3 ноември 2015

Уште една потврда за успешниот прогрес на Викторија Бекам во модниот бизнис е наградата за Најдобар британски престижен бренд на годината, што вчеравечер и беше доделена во рамките на манифестацијата Walpole British Luxury Awards 2015 во Лондон.

41-годишната дизајнерка и поранешна пејачка, наградата ја прими очекувано, облечена во аутфит со нејзин потпис, блузон со широки ракави и миди здолниште, целосно во златна боја, комбинирани со класични црни салонки.

Значењето на оваа награда за Бекам е уште поголемо ако се земе во предвид и нејзината конкуренција што ја сочинуваат влијателни имиња како Александар Меквин, Барбери и Роксанда Илинчиќ.
Walpole е групација од 170 луксузни брендови, чија цел е да ги промовира, заштити и развива уникатните и квалитетни британски брендови, па во таа насока се и наградите што ги доделува на годишно ниво.

 

Објавено:
3 ноември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.054 пати