Викторија Бекам со крофни и сладолед го прослави 45 – тиот роденден

18 април 2019

Познатата британска дизајнерка Викторија Бекам вчера го прослави 45 – тиот роденден во друштво на семејството на неколку различни локации низ Лос Анџелес.

Прославата за неа почна уште во шест часот изутрина кога нејзините деца ја разбудиле со песна и подароци што тие ги спремале за неа.

Нејзината слатка ќеркичка Харпер ѝ подарила персонализирана кукла, додека нејзините синови и сопругот се одлучиле за големи букети цвеќиња.

Денот почнал со појадок во локален ресторан во Лос Анџелес каде наместо торта, семејството ѝ купило крофна на која таа ја дувнала свеќичката и забавата официјално започнала.

Нешто подоцна, заедно со децата, сопругот Дејвид и Хана Крос, девојката на нејзиниот син Бруклин, тие се упатиле кон нивното омилено место за правење сладолед каде што можевме да ги видиме и во неколку пригоди претходно.

Нешто подоцна, целото семејство се упатило кон познат италијански ресторан каде и завршила прославата со вкусна вечера и фотографија за одбележување на роденденот на британската дизајнерка и поранешна членка на една од најпознатите музички групи, Спајс Грлс.

Објавено:
18 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.115 пати