Во интервју за австралискиот Вог, познатата британска дизајнерка Викторија Бекам вели дека години наназад ѝ било многу тешко што луѓето ја сметале за ладнокрвен и мизерен човек кој секогаш мисли дека е подобар од останатите, а тоа никогаш не било точно.

Сосема оправдано, на сите фотографии направени од папараците таа никогаш не се смееше ниту пак изгледаше весело, за што ќе каже дека најчесто ја фотографирале по аеродромите кога била уморна и изгледала мизерно.

Додава и дека денеска повеќе не ѝ е важно што пишуваат медиумите за неа од тој аспект, она на што единствено сака да се фокусира е семејството и работата и постојано да се фокусира на нови проекти кои ја исполнуваат.

Во интервјуто говори и за распаѓањето на ултра популарната женска група Спајс Грлс од која таа беше дел долги години и дека нејзиниот пријател Елтон Џон и помогнал да ја донесе конечната одлука да го напушти бендот.

Она што ја натерало е тоа што на еден настап на Елтон Џон сфатила дека таа не го поседува тој жар со кој тој пеел, не ја поседува таа страст со која тој пее долги години наназад.

Таа секогаш повеќе се грижела за тоа како девојките изгледале на сцената, за нивните костими, за сценографијата, отколку за пеењето.

Во интервјуто таа говори и за нејзиното семејство и децата и колку тие сакаат да продолжат по нивните стапки.

Додава дека Бруклин има огромна страст за фотографија, Ромео за тенис, Круз за пеење, а Харпер сака да измисли нешто. За жал, ниту едно од нив нема афинитети да стане фудбалер или моден дизајнер.

Ако некогаш сте се прашувале како се справува со постојаните вести во медиумите дека се разведува со Дејвид или дека поради неа Спајс Грлс не можат да одат на турнеја, таа ќе каже дека има огромен ПР тим кој се справува со тоа и дека не им придава значење како што тоа било случај порано.

Она на што сега е фокусирана е нејзиниот бренд што успешно работи цели 10 години и новите проекти кои ја очекуваат, а за кои ќе каже дека ќе бидат навистина возбудливи за сите.

За крај, новинарот ја опишува дека таа сè уште е онаа истата девојка од ќесата на Марк Џејкобс пред 10 години, бестрашна, помалку несигурна и неверојатно смешна.

Во галеријата погледнете ги фотографиите што ќе бидат објавени заедно со интервјуто во ноемвриското издание на австралискиот Вог, но и неколку други кои ќе ве потсетат зошто ја обижаваме Викторија и нејзиниот стил.

Инфо и фото: Vogue/Australia

Објавено:
18 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.720 пати