Викторија Бекам знае како да го носи својот бренд!

16 декември 2017

Британската дизајнерка Викторија Бекам го привлече вниманието на јавноста откако заедно со нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам, се појавија на забавата на магазинот Вог минатата недела во Лондон.

Иако навикнавме да ја гледаме најчесто во неутрални, земјени или загасити тонови, овој пат Викторија направи одличен избор на женствен, свилен фустан со миди должина, во изразена црвена боја, се разбира од нејзината нова колекција за сезоната пролет-лето 2018.

Таа е вистински пример за дизајнер кој совршено знае да го промовира својот бренд преку личен пример, како што е случајов со овој празничен аутфит што го надополни со светкави чевли и клач чанта.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
16 декември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.805 пати