Викторија Бекам знае како се патува со стил!

2 јануари 2018

Една од најстилските жени на денешницата, успешната британска дизајнерка Викторија Бекам, на своите патувања секогаш е достојна на нивото на своите високи критериуми кога е во прашање изгледот.

„Аеродромската" мода на дизајнерката е во најмала рака префинета.

Таа знае да направи совршен баланс помеѓу неопходниот практичен изглед и впечатливата и шик појава, соодветна на нејзината функција.

Ако детално се разгледаат фотографиите од нејзините патувања во текот на 2017 година, резимето се сведува на опуштени и пријатни парчиња во машки и предимензионирани кроеви, со неизбежна нота на елеганција, ама сепак спакувани во една женствена и софистицирана целина.

Фото извор: Pinterest

Објавено:
2 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.111 пати