Винона Рајдер на насловната на магазинот Red

6 март 2014

За потребите на едиторијалот актерката носи парчиња од  Долче и Габана, Луј Витон и Сен Лоран. Фотографиите ги направи Макс Абадиан, а за стајлингот се погрижи Никола Роус. Во интервјуто за магазинот, Винова зборувала за кариерата, модата и нејзините идни планови.

Рајдер открила дека триесетите години и биле многу тежок период од животот за разлика од дваесетите, кога имала многу успешни филмски улоги.  Во однос на модата, таа е позната по винтиџ стилот и едноставните ефтини фустани кои ги носи на настани, како што беше фустанот од 10 долари на Оскарите и на забавата на Шон Пен, каде се појавила во тоалета која претходно ја носела на филмска премиера во 2005 година.

Во однос на идните планови, Винона е импресионирана од книгата „The Wire“ од писателот Дејвид Симон, па сака да му пише писмо дека би сакала да соработува со него. Можеби ова интервју ќе биде многу полесен начин да стапи во контакт со писателот,а  фотографиите од едиторијалот погледнете ги во продолжение.

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Сцена