Витни Хјустон: Потсетување на големата музичка дива

11 февруари 2015

На денешен ден во 2012-та година, целиот свет беше во шок по веста дека Витни Хјустон замина во легендите.  После три години, на истиов ден, наместо Витни, во центарот на вниманието е нејзината ќерка Боби Кристина Браун, а ние како да доживуваме дежа ву. Младата Боби Кристина пред неколку дена беше најдена онесвестена во када, по што беше приклучена на апарати. Со оглед на тоа дека состојбата е оценета како критична, нејзиното семејство одлучи да се прости со Боби Кристина на ист ден како и со Витни и да ги исклучи апаратите. Според последните информации на светските медиуми, ќерката на музичката дива сепак ги отворила очите.  Како ќе се заврши приказната на Боби останува да видиме, но ние на овој ден се потсетуваме на легендарната пејачка.

Во продолжение прочитајте неколку не толку познати информации за неа и погледнете ја галеријата со нејзините најдобри модни и сценски изданија:

-Нејзиниот татко, Џон Хјустон ѝ го даде прекарот Nippy (грицко),  уште кога беше бебе. Нејзиниот прекар подоцна прерасна во име на менаџментска компанија Nippy Inc.

-Витни беше третата и најмлада ќерка во семејството.

-Отсекогаш знаела дека сака да биде пејачка: „Мислам дека знаев дека моите пејачки способности се нешто „заразно“, што Господ ми го дал“, изјави Витни во интервјуто со Дајан Сојер.

-На 15-годишна возраст ѝ пееше пратечки вокали на Чака Кан, на хит синглот I’m Every Woman.  Исто така, се проба и како модел. Во раните 1980-ти моделството ѝ беше примарно, а таа е и првата Афро-американка што се најде на насловна страна на Seventeen magazine.

- Одби да работи во The Cosby Show. На Витни ѝ беше понудена улогата на Сондра Хакстабл, затоа што токму таа сакаше да стане пејачка. Во тоа време, Витни сè уште немаше договор за снимање песна.

-На 19-годишна возраст Витни Хјустон беше откриена во ноќен клуб и тоа од страна на реномираниот Клајв Дејвис од Arista Records, кој веднаш ја забележал и ја преземал одговорноста за нејзината кариера, откако премина од госпел музика во поп-шема.

-Нејзиниот деби албум, именуван по неа, излезе во 1985-тата година и се пласираше на Билборд листата меѓу 200-те топ албуми и се задржа таму цели 14 недели последователно.

-Во текот на кариерата се појави во четири филма:  The Bodyguard (1992),Waiting to Exhale (1995), The Preacher's Wife (1996) и Sparkle (2012).

-Филмот The Bodyguard (Телохранител) оствари заработка од преку 121 милиони долари во САД и преку 410 долари ширум светот.

-Во 1987 година, Мајкл Џексон сакаше Витни со него да ја сними песната I Just Can’t Stop Loving You. Неговата желба и молба беа одбиени.

-Во 1989 година Витни го запозна аренби пејачот Боби Браун на Soul Train Music Awards.

-Во 1992 година, на 18-ти јули, Витни и Боби стапуваат во брак. Гласините дека користи дроги почнуваа да испливуваат на површина во следната година. По 14 години турбулентен и исполнет со дрога брак, тие се разделуваат.

-Омилената боја на Витни беше виолетовата, па затоа нејзината свадбена забава беше токму во таа боја. Дури и кумот на младоженецот носеше виолетово одело со рачно изработени чевли од кожа од алигатор.

-На 4-ти март 1993 година, се роди нејзиното единствено дете, Боби Кристина Хјустон Браун.

-Витни сонуваше да се пензионира во 2012-та, истата година кога и почина. „Се гледам како седам и ја гледам ќерка ми како расте и прераснува во прекрасна жена, со внучиња.

Објавено:
11 февруари 2015
Категорија: 
Сцена