Визуелниот идентитет на водителката од „Икс фактор“

25 март 2014

Едно од најактуелните лица на Балканот во моментов е Ана Михајловски Грубин, водителката на шоуто кое изминативе неколку месеци масовно го привлече вниманието на јавноста „Икс фактор“, а која на македоснката публика и' е позната и како водителка на други интернационални проекти што претходно биле емитувани кај нас.

Ана Грубин Михајловски Ана Грубин Михајловски

Меѓутоа, она што особено беше забележително кај неа е радикалната трансформација на нејзиниот имиџ. И покрај тоа што имаше негативни критики поради анорексичниот изглед, благодарение на професионалното стилизирање на нејзиниот визуелен идентиет, изгледаше фантастично.

Зад нејзиниот стил во улогата на водител на „Икс фактор“ на првиот пренос во живо стои поранешната манекенка и нејзина блиска пријателка Бојана Рајиќ, додека во продолжение улогата на стилист ја превзема Вања Пантин, модната уредничка на магазинот „Svet&Style“ која создаде една перфектна рефлексија на шармантната Ана, експериментирајќи со андроген, романтичен, сексапилен, миминалистички, па дури и футуристички изглед со кој водителката пристојно се носеше и лесно се трансформираше со секое нејзино појавување на сцена.

Бојана Рајиќ

На финалната вечер, Ана фасцинираше со две одлични креации на дизајнерот Дарко Костиќ и тоа елегантна силвер тоалета и бел комбинезон богато украсен со апликации, кои одлично беа комплетирани со модернистички накит.

Изгледот на Ана на финалната вечер

Со тоа стилот на Ана беше многу блиску до она што го гледаме на реномираните интернационални телевизиските проекти од ваков тип.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
25 март 2014
Категорија: 
Сцена