Внуката на Грејс Кели е најубава принцеза во светот

6 ноември 2014

Речиси сечие детство е исполнето со совршените ликови со сина крв од цртаните филмови. Меѓутоа, дека беспрекорната убавица не постои само во бајките, докажува внуката на славната Грејс Кели од Моноко. 28-годишната Шарлота Казираги, благодарение на атрактивниот изглед и достоинствено кралско држење, веќе долго време ги собира сите епитети и титули на светските магазини, за една од најубавите принцези во светот.

 

Со долгата смеѓа коса, дебели усни и сјајна насмевка, стана миленичка што ги несомнено ги освојува туѓите симпатии како и својата баба. За разлика од Грејс, таа не е попречена да стои пред камера и да ги исполнува своите желби и потреби.

Освен што го има наследено холивудскиот изглед од баба си, Шарлота е единствената принцеза која се проба со сферата на професионалното манекенство, по што ја освои титулата за амбасадор на модниот бренд Гучи.

 

Покрај љубовта кон модата, Шарлота гаи пасија и кон јавањето и коњите. Ослободена од стегите што и ги наметнува животната улога, принцезата Казираги смело чекори во остварување на своите сни.

Инаку, нејзиното целосно име и презиме е  Шарлота Мари Помелин Казираги, родена е 1986 година и моментално е петта во линијата за наследство на престолот од својата мајка Каролина.

 

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Сцена