Во ателјето на Каролина Херера

10 јули 2013

Каролина Херера е добро познато име  во американските  дипломатски кругови, како дизајнерка која ги облекувала првите дами од  Жаклин Кенеди Оназис до Мишел Обама.

 

Нејзиното модно ателје централно лоцирано во урбаниот хаос на Менхетен,  носи сопствен мир во префинетиот простран амбиент. Со детали кои ја персонализираат просторијата како црно-белите фотографии на Херера со семејството, богатата ботаничка градина на тераса на кровот од зградата и ексклузивните модни парчиња со потписот на дизајнерката, работниот амбиент на Херера добива посебен акцент.

 

Низ фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата од  креативно секојдневие на познатата дизајнерка.

 

Објавено:
10 јули 2013
Категорија: 
Сцена