Во црно – бели комбинации, Бекамови доминираа на црвениот килим на GQ наградите!

4 септември 2019

Шармантниот 44 – годишен пензиониран фудбалер Дејвид Бекам е ѕвезда на насловната на октомвриското издание на магазинот GQ, 20 години откако за прв пат се појави на насловната на истиот.

Овојпат, на згодниот фудбалер му беше доделена и специјалната награда од уредништвото, а во магазинот можете да ја погледнете и фантастичната фотосесија и интервју во кое тој говори за неговите деца и сопругата Викторија.

Како и секогаш, на црвениот килим на манифестацијата на која беа доделени наградите, Дејвид пристигна во елегантен црн костим со бела кошула и пеперутка вратоврска, во друштво на Викторија и неговиот најстар син, Бруклин.

Горда на сопругот, Викторија на манифестацијата пристигна облечена во неверојатен бел костим од нејзината колекција што ѝ прилегаше навистина прекрасно, а подеднакво елегантен беше и нивниот син Бруклин кој за пригодата одбра црн костим со вратоврска.

Во магазинот на чија насловна фудбалерот се појавува 20 години подоцна, тој ќе открие дека има еден, единствен совет за успех и истиот постојано им го повторува на неговите деца.

„Да работат вредно. Толку е едноставно. Им кажувам на моите деца дека тие мора сами да избираат во животот, а понекогаш мора да се откажат од нешто“, вели Бекам во интервјуто.

Како и секоја година, настанот повторно донесе бројни познати кои се појавија во своите најдобри изданија на црвениот килим и на забавата што се организира по настанот.

Голем дел од гостите носат црни вратоврски од Хуго Бос со оглед на тоа што брендот е спонзор на настанот, а и оваа година познатиот шеф Гордон Ремзи го подготви неверојатното мени за манифестацијата во Лондон.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
4 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
879 пати