Во нетрадиционалниот плакар на Мараја Кери
•
4 декември 2013
Низ содржините на Fashionel постојано ви ги претставуваме плакарите на познатите, овој пат на „тапет“ е плакарот на познатата пејачка Мараја Кери. Нејзиниот апартман на Менхетен повеќе наликува на ексклузивен бутик отколку на место за живеење. Будоарот е дизајниран од Марио Боaта, а неговата ексклузивност е видлива освен по бројот и квалитетот на гардероба и по рабовите на ѕидовите кои се изработени од злато. Кери поседува 1000 чивта чевли, сите подредени по боја, таа го обожава гламурот кој и тоа како е видлив. Во продолжение погледнете го модното богатство на пејачката.