Во плакарот на диџејот Стив Аоки – ја има најголемата колекција на Адидас и Џереми Скот

6 септември 2017

Плакарот на планетарно познатиот музичар, диџеј и продуцент, Стив Аоки, е како Дизниленд за возрасни – полн со супер кул, интересни парчиња облека, ексцентирчен дизајн, многу боја, еклектична естетика и автентичност во секој поглед.

Луксузна улична мода е можеби вистинскиот термин да се опише неговиот стилски идентитет.
Со оглед на тоа дека Џереми Скот е негов близок пријател и поседува голем дел од неговите дизајни, сигурно сликата веднаш  ви е појасна – односно поколоритна.

Уникатните парчиња облека и модни додатоци вклучуваат и такви со натписи со неговото име, а она што иста така го прави посебен неговиот плакар, е огромната колекција на парчиња од спортскиот бренд Адидас (во соработка со Џереми Скот), а особено патики.

Фото извор: coveteur.com

 

Објавено:
6 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
326 пати