Во плакарот на Кели Роланд

12 април 2016

Една од членките на поранешниот мега популарен женски состав „Destiny's child", која изгради и одлична соло кариера, Кели Роланд, го отвори својот плакар за магазинот The Coveteur.

Неизбежно е, а да не се забележи истенчениот вкус на пејачката, чиј плакар е полн со одбрани парчиња.
Помеѓу омилените брендови ги одвојува Акрис, Хајдер Акерман и Селин за кои вели дека создаваат магични дизајни, а парчињата кои имаат посебно место во нејзиниот плакар се и нејзиното омилено сако од Балман, очилата за сонце од Фенди, а од костимите на турнеите на „Destiny's child" ги извојува оние во милитаристички фазон специјално креирани за Destiny Fulfilled.

Покарај фантастичните парчиња облека и аксесоари, Роланд во својот дом поседува и едно мало богатство од уметнички дела со нејзините идоли меѓу кои и Мајкл Џексон и Sade, чие влијание очигледно е присутно и во градењето на нејзиниот имиџ.

Објавено:
12 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
607 пати