Во плакарот на Кристијан Лубутан...

3 октомври 2017

Кристијан Лубутан е еден од мажите што совршено ја разбираат жената, создавајќи ги најпосакуваните обувки некогаш создадени.

Неговите креации досега сме ги гледале во плакарите на многу познати дами, но овој пат ќе ѕирнеме во неговиот стан во Париз.

Кога почнал да се занимава со оваа професија, не помислувал дека ќе доживее таква експанзија и популарност.

„Моментот кога сфатив дека работите почнале да се менуваат, беше за време на моето враќање во Париз од Калифорнија. Морав да вратам некои мои челви, па со мене земав голема Лубутан торба. Десет жени ме застанаа да ми кажат: „Леле! Навистина имаш среќа!“. Потоа ја држев торбата како рачен багаж и кога ја ставив на скенер, една од девојките виде што има внатре и викна: „О Боже, па ова е Лубутан“... и тогаш ми го земаа пасошот. Името многу кажува и им значи на луѓето“, вели дизајнерот за Coveteur.

Среќен е што има голем број обожавателски на неговите дизајни, смета дека сите тие прават едно големо семејство.

„Би кажал дека сите „Лубутан“ жени имаат една заедничка работа, а тоа е дека се навистина задоволни што се жени. Задоволни се со нивната женственост, свесни се дека тоа е добра работа и уште повеќе, како можат да си играат со неа, а воедно да бидат моќни и среќни се со тоа“, потенцира Лубутан.

За време на долгогодишната работа, добил многу совети, но најдобриот го добил од Роџер Вивиер, кој пак го добил од Кристијан Диор.

„Обувката треба да биде истовремено и видливиа и невидлива“, ми рече Вивиер. Ако погледнете во обувката, таа треба да биде прекрасна, беспрекорна. Но, мора да ја има способноста да исчезне, да се „претопи“ во жената. Всушност, тоа не е ни совет, тоа е вистинска философија, која морам да признам дека не ја следам секогаш“, признава креативецот.

Ако се прашувате дали и во неговиот плакар обувките заземаат главно место, одговорот е да, а во тоа ќе се уверите и во фотографиите во продолжение:

 

Објавено:
3 октомври 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
370 пати
Извор: 
coveteur.com