Прекрасната Оливија Кулпо ја знаеме како најубавата Американка за 2012 година и Мис Универзум, но неколку години наназад таа е и успешна актерка и ТВ презентерка.

Тимот на онлајн магазинот The Coveteur имаше можност да помине еден ден во нејзиниот дом каде таа ги отвори вратите од плакарот во кој има неверојатни парчиња.

Сосема очекувано, во нејзината спална соба едни од најубавите украси се тијарите и наградите добиени на изборите за убавина, но и фантастичните дизајнерски парчиња.

Како и секоја жена, и таа ќе каже дека е голема обожавателка на чевли, а тоа го докажуваат и големиот број Лубутан и Џими Чу модели во нејзиниот плакар.

„Јас сум обожавател на едноставна елеганција“, ќе каже таа.

Токму тоа и можеме да го забележиме од нејзините фантастични комбинации во кои блеснува каде и да се појави.

„Го сакам стилот на Викторија Бекам. Ја сакам Одри Хепберн. Како што може да забележите, имам огромна фотографија од неа во мојот дом. Фан сум на едноставните работи и мислам дека Викторија одлично го прави тоа. Безвременска класична мода“, вели Кулпо.

Таа ќе каже дека омилената дневна комбинација и е онаа со фармерки, кошула со копчиња и високи шпиц потпетици кои секогаш се или Маноло Бланик или Сен Лоран.

На прашањето чии парчиња би носела до крајот на животот, таа ќе каже дека тоа дефинитивно би биле Долче и Габана како едни од нејзините омилени дизајнери.

Во нејзиниот плакар ќе најдете и неверојатни парчиња накит, лежерни и романтични фустани, неверојатни примероци шминка, совршени мантили и чевли и чанти какви што секоја девојка посакува!

Погледнете.

Објавено:
14 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.925 пати