Дека таа дефинитивно ќе биде дел од модната индустрија знаела уште од малечка кога нејзината мајка почнала да и дозволува сама да си ги одбира алиштата и правела комбинации какви што никој не можел да замисли.

Успехот на Сита Абелан почнал кога музичката дива Ријана ја забележала на социјалната мрежа Инстаграм и ја поканила да биде дел од нејзиниот видео спот „Bitch Better Have My Money“ по што следеле и многу други ангажмани.

Денеска, таа е една од најоригиналните модели во светот на модата, а истовремено е и диџеј и учествува на свирките на некои од најголемите музички имиња во светот.

Сосема нормално, благодарение на нејзиниот исклучително уметничка душа, плакарот на Сита е полн со кул дизајнерски парчиња, но и многу винтиџ модели во кои ќе каже е вљубена поради нејзината мајка.

Таа ќе каже дека отсекогаш ја сакала модата, а нејзината мајка ја има најголемата заслуга за тоа. Првите модни моменти ги имала кога на 16 години почнала да се фотографира во винтиџ облеката на мајка ѝ и да ги објавува фотографиите на Tumblr каде пронашла и многу контакти за понатаму.

Како нејзина најголема инспирација ќе го спомене Мерилин Менсон за кој ќе каже дека секогаш има откачени и кул комбинации во готски стил кој особено и се допаѓа.

За улогата во спотот на Ријана ќе каже дека била неверојатно изненадена и поласкана, со оглед на тоа што самата пејачка ја побарала да биде дел од видеото.

На прашањето како би го опишала нејзиниот навистина посебен стил, таа ќе каже дека нема конкретен одговор.

„Никогаш не знам како да го опишам мојот стил. Тоа е начин преку кој сакам да се изразам себеси. Секогаш зависи од тоа како се чувствувам, секој ден се облекувам различно, зависно од расположението“, вели Сита.

Што се однесува до популарните дизајнери, таа ќе каже дека Џереми Скот е нејзиниот омилен, што е и сосема очигледно.

„Го запознав Џереми на забавата на Ријана и му кажав дека сум модел и диџеј. Веќе следниот ден, тој ми се јави и сакаше да се појавам на неговата ревија и да пуштам музика подоцна. Многу бев возбудена што одеднаш имав можност да работам со такви големи луѓе“, додава Сита.

Кога подобро ќе погледнеме, стилот на Сита е во многу нешта сличен со оној на Ријана. Откачени бои, кожени парчиња и широки модели на облека се дел од нејзиното секојдневие.

Во галеријата погледнете дел од нејзините омилени парчиња кои се навистина откачени и супер забавни. 

Објавено:
26 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
481 пати