Во плакарот на стилистот на Селин Дион

16 јуни 2017

Честопати низ нашите содржини го споменуваме Ло Роах и ако редовно нѐ следите, знаете дека тоа е така со причина.

„Златното момче" во светот на славните е еден од најталентираните стилисти кој е одговорен за неверојатните модни трансформации на познатите. Тој создаде една сосема нова модна верзија од Селин Дион на ниво на икона, а Зендаја успеа да ја претвори од „Дизни ѕвезда" во вистинска модна дива.

Но, она што до сега не сме го споделиле со вас е неговиот плакар. Низ содржините на The Coveteur откривме вистинско богатство во орманот на стилистот, кој исто така е познат и како дел од жирито на America's Next Top Model.

Помеѓу бројните уникатни парчиња, во неговиот плакар ќе најдете и такви со потпис на Баленсијага, Живанши, Сен Лоран, Москино и други.

Фото: The Coveteur

Објавено:
16 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
268 пати
Тагови: 
стилист Ло Роаџ