Во секси сребрен костим, Џенифер Лопез ја почна турнејата за 50 – тиот роденден

8 јуни 2019

Како што беше најавено, музичката поп дива Џенифер Лопез вчеравечер ја започна турнејата насловена како „It’s My Party“ со првиот концерт во Лос Анџелес кој помина фантастично.

Концертот таа го отвори облечена во фантастичен сребрен комбинезон што ѝ прилегаше совршено на нејзиното и онака неверојатно тело и уште еднаш докажа зошто е најпосакуваната жена на денешницата.

За време на концертот, таа изведе некои од нејзините најпопуларни, но и нови песни кои ја кренаа публиката на нозе како што е и случај со сите нејзини настапи.

Лопез изгледаше подобро од кога и да е со светкавата шминка и долагата пуштена коса, играјќи заедно со нејзините фантастични танчери кои инаку се дел од нејзиното шоу „World of Dance“.

Неодамна, таа ја доби наградата за модна икона на легендарните CFDA награди, а кога се појави на сцената се потсети на некои од моментите што ја дефинирале нејзината кариера.

Рече дека им е благодарна на сите дизајнери што верувале во неа и сакале да ја облекуваат, со оглед на тоа што се појавила во времето на слабите супер модели кога облините и не биле во преден план.

Погледнете како изгледаше прекрасната Џенифер Лопез на отворањето на нејзината турнеја!

 

Инфо и фото: Daily Mail

 

Објавено:
8 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.196 пати