Водителката Антонија Блаќе се омажи во неодолива eNVy room венчаница

27 јуни 2015

Познатата хрватска водителка која последните неколку месеци нѐ забавуваше како дел од шоуто „Икс Фактор“, Антонија Блаќе вчера во прекрасната црква Св.Марко во центарот на Загреб, го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот избраник Хрвоје Брлечиќ.

Во друштво на нивните најдобри пријатели, меѓу кои и нивната кума Јаница Костелиќ, младите ја овековечија нивната долгогодишна љубов, по што вечерта продолжија да се забавуваат на еден од најлуксузните имоти во Хрватска.

Сосема очекувано, Антонија носеше венчаница од познатиот хрватски бренд eNVy room, составена од долго розово здолниште од тантела и нежна бела маичка со прерамки, со златен ремен на половината.

„Се чувствувам чудно и необично. Уште не стигнав да се поздравам со сите. Среќна сум, возбудена и морам да признаам дека чувствувам некој вид на стрес. Не разбирам зошто луѓето ја планираат венчавката година ипол. Јас би полудела“, изјави водителката пред самиот почеток на венчавката.

Во продолжение во галеријата, погледнете како изгледаше слатката Антонија на денот на нејзината венчавка.

Објавено:
27 јуни 2015
Категорија: 
Сцена