Враќањето на Кејт Мос во Кан

17 мај 2016

Низ годините, моделите станаа сè поприсутни на сите случувања, а исклучок не е ниту Канскиот филмски фестивал. Тие станаа гости од А-листата, рамо до рамо со холивудските ѕвезди. Наоми Кембел, Наташа Поли, Карли Клос , Кендал Џенер станаа инвентар на овој фестивал.

Но, на годинешното издание, кога се моделите во прашање, сето внимание беше насочено кон Кејт Мос, која се појави на Канскиот филмски фестивал после 15 години.

Таа дојде на премиерата на филмот „Loving“, а на црвениот килим се појави во смела црвена тоалета со едно рамо. Друштво ѝ правеше, кој друг ако не нејзината сестра Лоти, која го имаше пак своето деби на престижниот филмски фестивал. Помладата Мос се појави во фустан на Диор во комбинација со впечатлив ѓердан.

Лоти Мос

Кејт Мос

За потсетување, Мос последен пат беше дел од ова случување во 2001 година, кога се појави на премиерата на „Apocalypse Now Redux“, каде со изгледот потсетуваше на Еди Седвик.

Како изгледаше враќањето на моделот во Кан, видете и во видеото во продолжение:

Објавено:
17 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
735 пати