Who is on Next? ги прогласи победниците на своето десетто издание

16 јули 2014

Томазо Анфоси, Елда Алвигини, Алесандро Енрике и Франческо Ферари Томазо Анфоси, Елда Алвигини, Алесандро Енрике и Франческо Ферари

Во музејот  Palazzo Braschi во Рим, вчера  беа прогласени победниците на десеттото јубилејно издание на проектот за афирмација на млади таленти во модната индустрија, Who is on Nest?  Секој од деветте финалисти прво  ја претстави својата мини колекција, за потоа да бидат доделени наградите на најуспешните. Главната награда отиде во рацете на сицилијанецот Салваторе Пичони кој твори под името Piccione, за неговиот оригинален начин на кој ги гледа жените и впечатливата игра на везови и апликации кои ги красеа неговите креации. Втората награда и' беше доделена  на Дејзи Шели за безусловната креативност и инвентивниот спој на минатото со сегашноста. Наградата за најдобар дизајнер на додатоци ја освои брендот за накит Corion за високото ниво на квалитетна изработка и создавањето на единствени дизајни. Проектот е целосно реализиран и замислен од страна организаторите на АлтаРома во соработка со италијанското списание Vogue.

Франка Соѕани Франка Соѕани

Во чест на јубилејот е поставена изложба која ќе биде  отворена за јавноста од 15-ти јули и ќе трае се до 11-ти септември. Проектот се одржува секоја година под покровителство на Министерството за култура на Република Италија , Одделот за културно наследство и Градот Рим. Оваа година во изложбените сали посетителите ќе можат да видат еден креативен спој на стил кој ја раскажува еволуцијата на модата во овие десет години и ги открива начините за успех на многу учесници.

Салваторе Пичоне Салваторе Пичоне

Станува збор за настан кој ја валоризира посветеноста, решителноста и идентитетот на секој поединец кој зема учество но и неговите лични вештини за читање и експресивно толкување на времето во кое живееме и колку тоа може да биде соодветна инспирација за креирање на модни ремек дела. Оваа година на натпреварот Who is on Next?, учество земаа 45 дизајнери кои ги презентираа своите ставови и замисли во поглед на стилот, модните перцепции и инспирациите.

На блескавото отворање на настанот присуствуваа голем број гости кои изминативе десет години биле директно или индиректно дел од големото семејство Who is on Next?, предводени нормално од уредничката на списанието Vogue, Франка Соѕани и претседателката на АлтаРома, Силвија Вентурини Фенди.

Бепе Анџолини, Стела Жан и Бепе Моденезе Бепе Анџолини, Стела Жан и Бепе Моденезе

На вчерашниот ден, пред почетокот на големата забава која оваа година покрај прославувањето на новите победници, прославува и десет години постоење, беа објавени резултатите и победниците од натпреварот. Селектирани беа девет дизајнери, пет од нив се натпреваруваа во категоријата најдобра колекција, а останатите четири во категоријата модни додатоци и накит. Модната уредничка Соѕани ја имаше честа на вчерашната церемонија да ги соопшти и имињата на победниците.

 

Објавено:
16 јули 2014
Категорија: 
Сцена