Women in Film: Црвен килим каков одамна не сме виделе

3 март 2018

Додека во Париз се случуваа „Цезар“ наградите, во Лос Анџелес се случи настанот „Women in Film“. Иако на настанот присуствуваа голем број познати ѕвезди, во фокусот сепак се жените зад камерите, нивната работа и влијателност.

Она што ние веднаш го забележавме е модата на црвениот килим, која беше вистинско освежување. Доминираа урбани и трендовски комбинации, па изборот за тоа кој изгледаше најдобро е поголем од вообичаено.

Ема Стоун се одлучи за трендовска комбинација од „Живанши“, што подразбира црно здолниште и транспарентна кошула.

Маргот Роби и Оливија Вајлд изгледаа совршено во оделата. Едната се одлучи за одело во црвено-црни риги од „Долче и Габана“, додека другата за пастелно сина варијанта на „Бела Фројд“, што е апсолутен тренд сезонава.

Маргот Роби

Оливија Вајлд

Вајола Дејвис ги изненади сите со смелиот црн фустан, кој ја следи линијата на телото, а транспарентните делови открија повеќе од вообичаено.

Кејт Бекинсејл имаше совршена шик креација, што подразбираше црни тесни панталони и горен дел збогатен со пердуви, што знае одлично да го носи.

Кој друг присуствуваше и што носеше на настанот што уште го нарекуваат и „пред-оскаровска забава“, погледнете во продолжение:

Али Лартер

Енди Мекдауел

Џулијан Хју

Елизабет Бенкс

Грета Гервиг

Хедер Граам

Џејми Дорнан и Амелија Ворнер

Кет Грeјхам

Меделин Бревер

Мери Блиџ

Мишел Монагхан

Камила Бел

Ериса Гонзалес

Леа Мишел

Објавено:
3 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
957 пати