За Меган Маркл црно и тегет функционираат заедно

8 март 2018

По повод Меѓународниот ден на жената, принцот Хари и Меган Маркл отидоа во Бирмингем, каде беа пречекани од голема група луѓе, меѓу кои најмногу мали дечиња и ученици.

Сепак, Софија Ричардс е девојчето кое имаше најголема среќа и чија фотографија денеска го обиколи светот. Како пренесуваат британските медиуми, девојчето од толпата викнала дека сака да биде актерка кога ќе порасна.

Тоа го слушнал принцот Хари, ја извлекол од толпата и ја запознал со Меган.

„Меган ми рече дека еден ден ќе ме гледа додека глумам на филмското платно“, изјави 10-годишното девојчет по средбата.

Целта на посетата е да се инспирираат наредните генерации на млади жени да се стремат кон успешни кариери во областа на науката, инженерството, технологијата.

Инаку, за оваа посета, Меган се појави во тегет-црна комбинација. Иако честопати по модните магазини ќе прочитате дека ова не е баш среќна комбинација, во стајлингот на актерката таа одлично функционира. 

Маркл се појави во црни панталони, салонки, бела ролка и тегет капут со бели работи, во комбинација со чанта во истата нијанса.

Хари го следеше нејзиниот изглед со комбинација на тегет и беж нијанси. 

Објавено:
8 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.892 пати