Живееме во време кога ако барем малку следите мода, тогаш сигурно сте ги забележале сестрите Џиџи и Бела Хадид бидејќи тие се буквално во секоја можна кампања.

Последно се појавија на спектакуларното шоу на брендот Викторија Сикрет каде нивните родители ги бодреа од првите редови.

Благодарение на светските медиуми речиси секој ден можеме да видиме фотографии од нивниот живот, но она што можеби не сте го знаеле е дека тие имаат уште една сестра која е неверојатно стилска и шик.

Алана Хадид е полусестра на Џиџи и на Бела, од страната на нивниот татко, познатиот бизнисмен Мохамед Хадид.

Иако таа не е толку медиумски експонирана како нејзините сестри, Алана важи за една од најстилските девојки на денешницата која исто така се занимава со мода, но од другата страна.

Таа е личен шопинг асистент, стилист и дизајнер која моментално работи на создавање колекција маички со интересни емотикони, со наслов Current Moji.

„Мислам дека целото мое семејство ја сака модата бидејќи тука има многу со што  да се игра. Навистина, во модата не постојат граници и нам многу ни се допаѓа таа идеја“, изјави во една прилика Алана.

Таа ќе каже и дека многу често се случува нејзините сестри да позајмуваат облека од неа, или пак таа да ги советува што да облечат за некоја посебна пригода.

„Тие постојано ме прашуваат за модни совети. Кога Џиџи почна да се занимава со оваа работа, направивме голем шопинг. Се сеќавам купивме едно фантастично палто на Стела Мекартни кое планирам да го позајмам некогаш. И кога бевме помали, кога одевме на заеднички одмори секогаш се случуваше да си менуваме облека“, вели Алана.

Доколку ја следите Алана на Инстаграм ќе го забележите нејзиното изострено чувство за мода и стилски комбинации со што навистина го оправдува она што го работи.

Објавено:
13 декември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.329 пати