Збогување со големата блуз легенда Џо Кокер

23 декември 2014

Легендарниот музичар Џо Кокер вчеравечер ја изгуби битката со ракот на белите дробови. Во 71-вата година од животот, Кокер почина во својот дом во Колорадо.

Ќе биде запаметен по специфичната „рапава“ боја на гласот, како и по бројните хитови, и свои и оние што ги создаваше за своите колеги, за време на кариерата долга над 40 години, како Unchain My Heart, You are so Beautiful, Up Where We Belong, You Can Leave Your Hat On... Неговата плодна кариера се состои од повеќе од 40 албуми, што ќе останат да живеат и понатаму.

-Си замина утринава. Празнината која ја остави во нашите срца никогаш нема да биде пополнета – изјави неговиот агент Бери Маршал, потенцирајќи на тоа дека уникатноста на Кокер.

Музичарот е роден на 20. Мај 1944 година во Шефилд, Англија. Пејачката кариера ја започнува во пабови и клубови во родниот град во текот на 1960-тите години.

Популарноста ја стекнува со својата верзија на хитот на „Битлси“ - With A Little Help From My Friends, преработка која се најде на првото место на листата на најслушани песни и станува еден од најпознатите и влијателни блуз и рок музичари.

Статусот на светска ѕвезда го добива со песната  Up Where We Belong за филмот „Офицер и џентлмен“, која ја изведува во дует со Џенифер Варнс. За популарноста на песната говорат и наградите „Греми“ и „Оскар“ што ги добива.

Џо со Џенифер Варнес Џо со Џенифер Варнс

Во 1978 година се сели од Британија на ранч во Санта Барбара, Калифорнија. По венчавката со Пем Бејкер во 1987 година, се сели на ранч во Крофорд во Колорадо каде живееше до последниот ден.

Британската кралица Елизабета II го одликуваше со орден, за придонес во областа на музиката.

-Неверојатно талентиран, беше вистинска ѕвезда, еден од оние љубезни, скромни луѓе кои уживаа да настапуваат. Кој и да го видел во живо неговиот настап, никогаш нема да го заборави – додаде Маршал.

Неговите обожаватели ширум регионов имаа можност да го видат два пати во Белград, ноември 2007-ма година, во рамки на светската турнеја Hymn for My Soul, и во 2011 година, пред 5.000 обожаватели, а инсистираше да се запознае со некои од нив лично.

Во продолжение ве оставаме да уживате во дел од хитовите на овој голем музичар:

Објавено:
23 декември 2014
Категорија: 
Сцена