Згодниот татко на Дуа Липа го „полуде“ Интернетот

22 февруари 2019

Можеби таа е една од најдобрите и најзгодни пејачки во моментов, но таткото на Дуа Липа дефинитивно „го украде шоуто“ на годинешните Британски музички награди.

Згодниот Дукаѓин Липа се појави на црвениот килим заедно со сопругата како поддршка на нивната ќерка која дома си замина со една награда.

Домаќинот Џек Вајхол прв се пошегува за тоа колку е привлечен таткото на пејачката, со тоа што на сцената кажа дека би сакал да ги заменат местата со неговиот татко, на што Дукаѓин одговори со насмевка.

Telegrafi

Веднаш по неговото појавување на црвениот килим, социјалните мрежи беа преполни со коментари за тоа колку добро изгледа.

„Британските награди завршија, а јас сè уште копнеам по таткото на Дуа Липа“.

„Таткото на Дуа Липа дефинитивно беше најдоброто нешто на наградите“.

„Најдобар нов артист на Британски награди: Таткото на Дуа Липа“.

Она што беше интересно е тоа што веднаш после шоуто неговиот профил на Инстаграм добил илјадници нови следбеници.

Инаку, тој е основач на фестивалот „Санихил“ во Косово, а во една прилика ќе каже дека неговата цел е да ги оттргне мислењата на луѓето за Косово како држава која не е безбедна и место каде не сте добредојдени. 

Инфо: Daily Mail

Фото: Daily Mail, DukagjinLipa/Ijnstagram

Објавено:
22 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.837 пати