Женски римејк на „Единаесетмината на Оушн“

12 август 2016

Една од главните вести во светските медиуми деновиве е информацијата за тоа кој сѐ ќе се најде во римејкот на „Единаесетмината на Оушн“ во женска верзија.

Сепак, најновиот женски римејк ќе се вика „Осумте на Оушн“, а според првичните информации, дел од најпопуларните актерки ќе се најдат во него.

Ен Хатавеј, Сандра Булок, Минди Калинг, Кејт Бланшет, Хелена Бонам Картер, Нора Лам и Ријана. Која ќе биде осмата жена што ќе им се придружи, сѐ уште не е одлучено.

Инаку, со појавата на оваа информација, се појавија и бројни критики, не само на тоа дека ќе се прави римејк на култниот филм, туку и дека во него ќе глумат само жени. После женскиот римејк на „Истерувачи на духови“ со Мелиса Мекартни и Кристен Виг, по сѐ изгледа на публиката новиот тренд, што многумина го нарекуваат феминистички (#FeministAFilm), не им се допаѓа.

Ен Хатавеј

И додека едни се лутат, други прават шеги на сметка на истово, а трети го одобруваат и со нетрпение чекаат да го видат новото остварување со омилените актерки.

Од „Ворнер Брос“ велат дека филмот ќе почне да се снима во октомври годинава. Режисер ќе биде Гери Рос, додека продуцент ќе е Стивен Содерберг, кој го продуцираше и „Единаесетмината на Оушн“.

Кејт Бланшет

Што мислите вие за новиот тренд на т.н „женски“ римејк изданија?

Хелена Бонам Картер

Минди Калинг

Нора Лам

Ријана

Сандра Булок

Објавено:
12 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.275 пати