Женствените комбинации на блогерката Блер Иди во игра со неконвенционалното

25 јуни 2018

Модната блогерка Блер Иди е препознатлива по нејзиниот ултра женствен стил во кој секогаш ги акцентира неконвенционалните моменти, независно дали се работи за детали, дезени, принтови, аксесоари...

Токму затоа нејзиниот блог и профилите на социјалните мрежи, секогаш се интересна дестинација каде ќе искусите инспиративна модна авантура.

Интересно кај нејзиниот имиџ е тоа што секогаш умее да направи интересен спој помеѓу базичните парчиња и актуелните тенденции, а елементот на изненадување е секогаш присутен.

Ова лето хит во нејзиниот личен стил е комбинацијата на фустани со кошули, точкастиот принт како и комбинациите во разиграни бои.

 

Објавено:
25 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
650 пати