Зое Кравитз е copy-paste на нејзиниот славен татко

8 ноември 2013

Ќерката на славниот музичар Лени Кравитз и актерката Лиза Бонет, Зое, уште од своето раѓање има специјално стилско педигре. Сега кога порасна, ретко кој не би кажал дека многу потсетува на татка си, а најмногу по стилот кој го негува. Во едно интервју за странски медиум Зое одговара на прашања поврзани токму со имиџот и открива кои парчиња се нејзиното тајно оружје.

Кој е вашиот личен стил кажано со еден збор?

-Удобен

 Што треба да поседува секоја жена?

-Безвременскиот ѓердан од бисери, мојот го имам од баба ми и буквално можам да го комбинирам со се.

 Која е твојата шопинг филозофија?

-Секогаш она што сакам да го купам не е поефтино од 300 долари, а ако не купам во моментот, тоа ме копка одвнатре, не можам да спијам и затоа следниот ден одам да го купам.

Кое е вашето најново парче што го поседувате?

-Моите италијански оксфордки. Ги обожавам, а можам да ги носам како со облека во машки крој, така и со романтични фустанчиња.

Кое е вашето тајно стилско оружје?

-Кратките топови, зашто сметам дека секој треба да го открива најдобриот атрибут на своето тело, а кај мене мислам дека тоа е половината.

 Омилени продавници?

-„Скриените богатства“ во Топанга, Калифорнија, таму ги има најдобрите винтиџ палта.

Кое е парчето облека без кое не можете?

-Дефинитивно фармерките, тие се мојата втора кожа.

Објавено:
8 ноември 2013
Категорија: 
Сцена