Зошто да го гледате новиот документарец за Диор?

26 април 2014

Документарниот филм  ги опфаќа промените во Диор, од театралноста на Галијано, па се до модерната елеганција на Раф Симонс, неговите почетоци во модната куќа, припремите за шоуто за висока мода и секојдневните предизвици на модното поле. Сепак за да се создаде ремек дело потребно е вештина, визија и работа на професионалци, а кои се петте причини за задолжително да го погледнете овој филм, прочитајте во продолжение

Режисерот на филмот има сериозно модно педигре

Довербата за снимање на документарниот филм му беше дадена на режисерот на документарецот за Валентино  The Last Emperor and Diana Vreeland: The Eye Has To Travel – Фредерик Ченг. Иако имал само три месеци период за снимање, сепак пристапноста на Раф Симонс кон целата тематика дополнително влијаела за лесно склопување на приказната, особено бидејќи дизајнерот бил заинтересиран модниот свет да го „разголи“ пред целата јавност.

Увид во процесотт на креирање

Сигурно голем дел од јавноста не е запознаена со фактот дека Раф Симонс никогаш не прави скици. Токму затоа тука е секогаш неговата десна рака, Питер Милие кој го напушти Џил Сандер и му се придружи на Раф по доаѓањето во Диор. Кога се создава одредена колекција, се прават од 150 до 200 скици, а модниот дизајнер учествува во бирањето и дефинирањето на 54 парчиња, кои ќе бидат прикажани на одредена ревија.

Основачот на модната куќа – Кристијан Диор

Дел од документарецот е посветен на основачот на модната куќа Кристијан Диор, иако Фредерик признал дека навистина било тешко да се направи снимка која барем делумно ќе го претстави гласот на Кристијан Диор. Инспирацијата за создавањето на модната линија дизајнерот ја влече од класиката во 50-тите години на минатиот век со вклучување на елементи од современата уметност.

Отворање на архивата на Диор

Раф Симонс симболично сакајќи да направи камбек на делата на Кристијан Диор за спремањето на својата деби колекција за висока мода тргнува токму од креациите на Кристијан Диор, а во документарецот е претставено отворањето на богатата архива на модната куќа

Клип од документарниот филм

Краткиот клип претставува мал сегмент од последните подготовки пред дебитантската колекција на Раф Симонс и начинот на прославување со најблиските соработници како начин за заблагодарување за неговото и прифаќањето на Питер во семејството на Диор.

Објавено:
26 април 2014
Категорија: 
Сцена