25 работи што (треба да) ги знаат жените над 40

20 февруари 2019

Некои велат дека со почетокот на петтата деценија започнуваат најубавите години, еден нов и подобар живот. Други пак, ќе кажат дека со 40-тите почнува стравот од стареењето, соочувањето дека веќе не сте како порано.

Без разлика во која група спаѓате, во продолжение ќе прочитате 25 работи што секоја жена над 40 треба да ги знае и кои ќе ви помогнат вистински да се поставите кон себе и годините што ги носите, за кои ќе сфатите дека можат да бидат само предност.

 

1.Нема потреба за совршеност

Кога сме млади, многу жени се стремат кон совршеност и си поставуваат нереални цели и очекувања, кои водат до фрустрации и ограничено размислување. Верувањето дека не сте совршени, дека не сте доволно добри создава непотребен притисок и слаба самодоверба. Како стануваме повозрасни, помудри сме и за препознавање на убавината токму во несовршеностите.

2.Моќта на разговорот сам со себе

Во 40-тите сте понежни со самите себе и посреќни. Вие сте одговорни за чувствата што ги имате кон себе и кај вас лежи моќта да ги подобрите. Разговорот сам со себе е многу важен и може да придонесе многу за подобрување на вашата самодоверба и емотивна состојба, секако ако позитивно се насочите.

3. Не е сè во победата

Кога сте во 40-тите, знаете дека да бидете учесник и да сте опкружени со луѓе со слични и позитивни размислувања. „Јас истрчав 16 маратони во моите 40-ти, а почнав токму на 40. Бев пресреќна поради енергијата во група, како и фактот дека сум успеала да го завршам, без разлика на местото“, вели Кеј Џеј Ландис, писателка. 

4.Не е сè во совршеното тело

Со 40-тите почнува вистинското разбирање на жените дека среќата постои во било каков облик и големина. Тука мислиме пред сè на перцепцијата на телото. Исто така се свесни дека со нивните релации, работа, страсти, семејства, пријатели го надополнуваат кругот на среќа, кој секако не е составен само од физичкиот изглед. 

5.Стареењето е неизбежно

Тоа е едноставно така. Но, не значи дека треба да се откажете од борбата против брчките , но во 40-тите гордо ги носите бидејќи се резултат на животно искуство. Тие раскажуваат приказна за вашето лице и воедно вашиот (начин на) живот. 

6.Како да имате вистински пријателства

Во 40-тите веќе одамна зад вас сте ги оставиле фазите на „злобни девојки“ популарна во средношколските денови, „озборувачки“ на работа, и „групи на мајки“. Жените во 40-тите се поуморни, но и попаметни. Тие веќе не сакаат да губат време на пријателства заради популарност или корист. Во оваа деценија место има само за оние што ќе ги поминат со вас најтешките, но и најсреќните мигови. 

7. Озборувањето е евтино

И не морате да го слушате. Не е важно што другите мислат или говорат за вас. Секој може да каже сешто за некого, но не значи дека е вистина. Важно е она што мислите вие за себе. 

8.Кога да прифатите НЕ за одговор

Понекогаш едноставно не вреди да се борите. После 40 кога кажувате или ви е кажано не, едноставно учите да го прифатите одговорот и да продолжите. Единствената работа што можеме да ја контролираме сме ние самите.

9.Кога да не прифаќате НЕ за одговор

Од друга страна, жените над 40-тата точно знаат кога вреди да се борат за нежно. Овие жени биле/се сведоци на полова нерамноправност во некоја форма, без разлика дали сме застанале да се избориме за себе или сме им аплаудирале на други храбри жени кои го направиле тоа. Во секој случај, жената од 40-тите знае да препознае кога борбата едноставно мора да се случи и не се прифаќа НЕ.

10. Стилот е субјективен

Сега е времето да носите што сакате. Носете нешто што ќе ве направи да се чувствувате автентично, без оглед какви се трендовите или дали тоа ќе им се допадне на другите. Сепак, бидете свесни дека сте во петтата деценија, а не во третата, без оглед колку добро изгледате.

11. Малите проблеми треба да останат мали

Кога веќе ќе ја надминете 40-тата, сфаќате дека одредени борби не треба да се водат. Знаете кои луѓе не сакате да ви го трошат времето и енергијата, а воедно точно знаете што ви се приоритетите.

12. Ослободете го мозокот

Жените во 40-тите веќе знаат како да ги „прочистат“ своите мисли. Знаат дека лошите мисли не треба да доминираат, не треба да им робувате, бидејќи тие само влечат наназад.

13. Малите нешта го прават животот убав

Фактот што можете да јадете што сакате, работите, се дружите со пријателите, се смеете, сè се тоа нешта во кои жените над 40 знаат многу повеќе да ги ценат и да уживаат во нив.

14. Во ред е работите да одат побавно

Жените над 40 не ги брзаат работите, туку ги промислуваат пред да го направат следниот чекор.

15. Квалитетен сон е круцијален

Најчесто ништо посебно не се случува после полноќ, навистина. Квалитетниот сон е здрав и ќе ви овозможи многу позабавен ден, го споделуваат своето искуство жените 40+.

16. Изразена самодоверба

Жените во оваа декада имаат изградени ставови и знаат во што веруваат и зошто веруваат. Свесни се за животот, свесни се за себе, а тоа во голема мера придонесува за самодобербата која пак поттикнува и сексапил.

17. Бидете информирани за здравјето

Ова важи за секоја животна декада, но после 40-тата, не препуштајте ништо на случајот. Бидете информирани за вашето здравје и правете ги превентивно прегледите, особено оние што се однесуваат на женското здравје. 

18. Не можете да удоволите секому

Животот е премногу краток за да ви помине во удоволување на секому, што не само што ќе ви одземе време, туку и ќе се покаже како невозможно! Уживајте го секој ден!

19. Вие ги донесувате одлуките!

Жените во 40-тите имаат контрола врз својот живот и сами ги донесуваат одлуките, бидејќи тие најдобро знаат што е добро за нив и не се зависни од мислењата на другите.

20. Добриот секс не завршува во 20-тите.

И точка.

21. Стриите не се грди!

22. Флексибилноста е клучна за живот без стрес!

23.Да се биде сам воопшто не е страшно.

Напротив. Жените во 40 знаат како да уживаат со себе. Љубовта кон себе решава многу проблеми.

24.Жените во 40 знаат дека нема смисла да се биде некој друг!

Нема ништо поубаво од тоа да се остане верен на самиот себе.

 25.Здравјето е поважно од сè!

Објавено:
20 февруари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.802 пати
Тагови: 
жени sweet40+