40+ мода: Шик и стилски комбинации инспирирани од популарните профили на Инстаграм

28 февруари 2019

Независно на која возрасна група ѝ припаѓате и какви се вашите лични стилски преференции, Инстаграм е платформа каде секогаш може да најдете инспирација кога ви недостасува идеја што да облечете.

Денеска во фокусот ги имаме 40+ дамите, па за да им го олесниме пребарувањето по социјалните мрежи, направивме селекција на неколку ултра шик комбинации од популарни профили на Инстаграм и ги посочуваме како предлог за пролетни стајлинзи соодветни за различни прилики.

Во нашиот избор ќе наидете на минималистички комбинации што вклучуваат основни парчиња облека како здолништа, кошули, панталони и џинс, но и комбинации кои излегуваат надвор од комфорната зона и границите на конвенционалното, за сите оние кои сакаат да експериментираат со бои, принтови, кроеви во ексцентрични изданија.

Генерално впечатокот што се добива ако ги разгледате овие профили на модни блогерки во средовечна возраст, е дека актуелните трендови и тенденции имаат минорно влијание врз нивната стилска перцепција. Во принцип нивниот имиџ е толку силно изразен и моќен, што по некое тренди парче имплементирано во нивниот стил добива поинаква верзија карактеристична само за нив.

Објавено:
28 февруари 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.341 пати