Адвокатката Јадранка Слоковиќ во креација на „Валентино“

25 октомври 2018

Хрватското издание на магазинот „Ел“ неодамна по седми пат ги одржа „Elle Style Awards“. На настанот присуствуваа тамошни познати личности од модната сфера, но и генерално, од хрватската елита.

Меѓу нив беше и познатата адвокатка Јадранка Слоковиќ. За нејзината работа и личност честопати има поделени реакции кај народот, но она што никој не може да го оспори е нејзиното чувство за мода и стил.

Токму подари тоа честопати се наоѓала на листите на најдобро облечени жени во Хрватска, а и на споменатиот настан го предизвика вниманието на медиумите.

Адвокатката се појави во црно беа асиметрична креација од брендот „Валентино“, чија цена на „Net-a-porter“ изнесува нешто повеќе од 2.000 евра.

Го искомбинира со црни чевли, чокер од модната куќа „Ив Сен Лоран“, плик чанта на „Ермес“. Косата е кратка и брановидно стилизирана, а црвениот кармин го прави севкупниот впечаток уште поизразен.

Како вам ви се допаѓа нејзината комбинација?

 

фото извор: dnevno.hr/ Photo: Josip Regovic/PIXSELL; www.net-a-porter.com; 

Објавено:
25 октомври 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.560 пати