Алиша Силверстон (41) од „Clueless“: Сите ме прашуваат како не стареам

20 јуни 2018

Две декади после култната улога на Шер Хоровиц во филмот „Clueless“, Алиша Силверстон сè уште е препознатлива по ова остварување. 

Актерката денес има 41 година и ја краси насловната страна на најновото издание на магазинот „RedBook“, каде зборува за тоа како успева да го одржи младешкиот изглед и каков ѝ е животниот стил.

Добро познато е дека таа долги години е посветен веган, а досега објави две книги, основаше велнес бренд и веб сајт каде објаснува сè за нејзиниот, како што го нарекува, „еко-френдли“ начин на живот. 

Токму тие навики верува дека ја одржуваат млада.

„Секој од нас има шанса да избере како ќе живее и да го почитува тоа. Дали точно знам што ќе биде делотворно за мене и моето тело? Да, па не е ни чудо што сите ми кажуваат дека изгледам исто како што изгледав во „Clueless“, како да не стареам воопшто“, вели актерката.

Првата книга „The Kind Life“ ја објавува во 2001 година, каде објаснува како се чувствувала откако почнала да се храни поинаку.

„После само две недели веганска исхрана, луѓето почнаа да ме прашуваат: „Што се случува со тебе? Изгледаш одлично!“. Тогаш сè уште јадев многу бели тестенини, пржени компирчиња. Ги јадам и сега, само многу поретко. Се откажав од местото и млечните производи и изгледав многу подобро после само две недели“, споделува Силверстон.

Во 2014 година ја објавува новата книга „The Kind Mama“. Тоа се случува три години по раѓањето на синот Беар Блу, а во книгата дава родителски совети и зборува за плодноста, односно што да правите за да забремените.

Кратко по објавувањето, делото привлече бројни и воглавно лоши реакции на читатели, кои сметаат дека советите на Алиша не се поткрепени со медицински факти и токму поради тоа одредени делови од книгата ги доживуваат како проблематични.

Посебно критизиран е делот каде Алиша зборува за вакцинацијата.

„И покрај тоа што нема крајна студија за негативни ефекти од ригорозното ставање вакцини и како сите одговараат за сè, постои зголемен број сведоштва од лекари кои добиваат телефонски повици од родителите како нивните деца „никогаш повеќе не се исти! по примањето вакцини. Лично јас имам пријатели чии бебиња имаа драстичен ефект од ова“, се вели во книгата.

И покрај тоа што нејзините читатели гледаат на нејзините совети како нецелосни, па дури и „опасни“, актерката за „Redbook“ изјави дека е среќна со нејзините избори и е убедена дека го пронашла животниот стил што совршено ѝ одговара.

На прашањето дали после ваквите реакции нејзината самодоверба како родител се намалила, ќе рече:

„Не, воопшто, бидејќи се водев искрено и од тоа дека некоја жена што можеби ќе ја сретнам на улица ќе рече: „Твојата книга ми го смени животот“.  Задоволна сум со секој избор што го направив како мајка и како активист. Секој што има проблем со тоа, нека има. До мене тоа не допира“, категорична е Алиша.

И покрај тоа што е страствен веган, таа потенцира дека е флексибилна кога се работи за исхрана на нејзиното дете, бидејќи сака да му овозможи да јаде иста храна како неговите другарчиња.

„Сакам да го подготвам Беар да биде флексибилен кон светот околу него. Кога е со други деца што јадат обична пица, значи нема веганска пица, му кажувам слободно да јаде од тоа што јадат сите. Познавам други вегани што не се согласуваат со ова, но јас правам како што сметам дека е правилно. Она што секогаш се трудам е во текот на денот да добие порција кафеав ориз, зеленчук и машунки. И тогаш се чувствувам добро. Се трудам да му овозможам најдобро што можам“, објаснува актерката.

Инаку, после 13 години брак, таа во мај годинава се разведе од сопругот Кристофер Џарецки, но открива дека не се затвора за други луѓе, напротив, излегува, запознава интересни и различни луѓе и тоа ѝ се допаѓа.

„Возбудена сум околу новото поглавје во мојот живот и отворена сум кон сè што може да ми донесе. Секако, постои голем број нешта што ме збунуваат, но тогаш барам помош од пријател“.

Неодамна беше гостинка кај LL Cool J и  Криси Тиген во „ Lip Sync Battle“, каде облечена како Шер Хоровиц пееше познати хитови, а токму тоа гостување покрена лавина коментари на социјалните мрежи како изгледа одлично и како времето од „Clueless“ до сега да застанало за неа.

Инаку, улогата на Шер првин им била понудена на Рис Витерспун и Сара Мишел Гелар. Сара ја обила улогата поради друг ангажман, а потоа режисерката се сетила и на Алиша, па борбата за улогата била помеѓу Рис и неа. Всушност, Алиша била забележана благодарение на спотот на „Аеросмит“ за песната „Crazy“.

фото извор: tomandlorenzo.com; dailymail.co.uk;

 

Објавено:
20 јуни 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.209 пати
Извор: 
daily mail