Амал како божица на вечерата кај принцот Чарлс

13 март 2019

Во Бакингемската палата вчера се одржа свечана вечера во организација на принцот Чарлс, а во чест на неговата фондација „Prince's Trust“.

На истата присуствуваа членови од кралските семејства, но и пријатели на принцот. Меѓу нив беа и актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, која со својата појава го украде вниманието на медиумите.

Амал се појави во долг бел фустан со набори. Во горниот дел има асиметричен плашт, кој паѓа преку едната рака, додека на другата има златен ракав.

Со долгата црна коса и комплетниот стајлинг многумина ги потсети на грчка божица. Инаку, креацијата е дело на Стефан Роланд, но од 2007 година. Се работи за дизајн од висока мода, создаден за брендот „Жан Луј Шерер“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Red Carpet Fashion Awards (@fashion_critic_) onMar 12, 2019 at 4:35pm PDT

 На забавата присуствуваа и актерите Џош Хартнет, Бенедикт Камбербаџ, Лук Еванс и други.

 

 

Објавено:
13 март 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.999 пати
Тагови: 
стил Амал sweet40+